(Дубаи – Портал) – Турскиот Министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, ја посети амбасатада на Шри Ланка во Анкара и ја пренеси подршката на турскиот народ на Шри Ланка, земјата каде на 21. април доживеа низа терористички напади.
Чавушоглу го осуди нападот на Шри Ланка и кажа дека стојат рамо до рамо во борбата против тероризмот, пренесува агенцијата Анадолу (AA).
Чавушоглу ја посети амбасадата на Шри Ланка во Анкара и се потпиша во книгата на жалост.
Во пораката, министерот уште еднаш остро ги осуди нападите и изрази сочувство до семејствата на жртвите.
“Имавме низа од ужасни напади врз цркви и хотели во Шри Ланка, кој се случија на 21 април 2019 година, во кои загинаа повеќе од 300 луѓе, а многу повеќе беа повредени. Сочуство до семејствата на загинатите, голема жалост за сите нас”, рече Чавусоглу.
Тој, исто така, додаде дека Турција е во голема жалост, бидејќи двајца државјани на таа земја се убиени во нападите.
“Турскиот народ го осуди нападот, заедно со луѓето од Шри Ланка и се молат за него. Ние сме рамо до рамо со Шри Ланка во борбата против тероризмот”, напиша Чавушоглу.
Амбасада на Шри Ланка во Анкара, му се заблагодари Чавушоглу, турските организации и народот на таа земја за големата поддршка и солидарност во тешки времиња.
Mahir Demişoski










