Дебар доби нов градоначалник, Охрид и Ново Село ќе почекаат до вториот круг

0
9

Хекуран Дука, кандидатот на ДУИ, е новиот градоначалнк на Дебар. На вчерашните предвремени избори за градоначалник тој победи со поддршка од 50,09% од гласовите против Арбен Аголи од Алијансата за Албанците.

Во Дебар се спроведоа предвремени локални избори за градоначалник, поради смртта на Ружди Љата, кој почина на крајот од ноември минатата година.

Изборите во Охрид беа распишани поради ненадејната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски, кој почина во декември минатата година. Во Ново Село, пак, се одржаа бидејќи бидејќи поранешниот Боро Стојчев поднесе оставка откако беше осуден на затворска казна за обид за шверц на цигари.

Сепак, градоначалничките избори во Охрид и Ново Село продолжуваат во вториот круг на 5 мај.

Во Охрид во вториот круг влегуваат двајцата кандидати со освоени најголем број гласови – кандидатот на СДСМ Константин Георгиески кој освои 13.037 гласа и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Митре Милошевски со 10.614 гласа.

Во Ново Село ниту еден од кандидатите не доби над 50 проценти поддршка од граѓанинте. Во првиот круг, кандидатот од ВМРО- ДПМНЕ Николчо Стоилков води со 2.753 гласа, наспроти кандидатот на СДСМ Никола Ангелов со 2.693 гласа.