Зекири: Горчлива победа, време е за одговорност на функционери на СДСМ и на дел од албанската елита

0
146

(Дубаи – Портал) – Се огласи и пратеникот од редовите на СДСМ, Мухамед Зекири преку својот Фејсбук профил:

“Горчлива победа. Резултатот поука за сите нас!!!
Граѓаните знаат да наградат, а и да казнат. Посебна честитка до гласачите Албанци кои дадоа поддршка за Стево Пендаровски, како и за извонредниот резултат и поддршката што ја доби кандидатот Блерим Река!!!
Граѓаните Албанци јасно демонстрираа дека е дојдено време од политичката сцена да се пензионира голем дел од политичката елита на Албанците во Република Северна Македонија!!!
Време е и за одговорност и на дел од функционери од нашата СДСМ! – напиша потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири по денешниот изборен ден на кој кандидатот на СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски помина далеку полошо од очекувањето”.

Mahir Demişoski