Заев и Пендаровски: Водиме во фер натпревар кој покажа дека секој глас е важен

0
293

Премиерот Зоран Заев кажа дека на изборите денеска 321 201 гласале за Стево Пендаровски, за Гордана Силјановска  316 872, за Блерим Река 79 162.

„Уверен сум дека во вториот изборен круг ќе добиеме и европски претседател. Јасно е дека Пендаровски води во фер натпревар во кој се покажа дека секој глас е важен. Рзалични концепти се спротиставени, едниот на Пендаровски е прогресивен, а вториот на Силјановска е деструктивен и го дели народот. Знам дека граѓаните ќе го поддржат концептот кој не води кон ЕУ и НАТО.

Мнозинството ја препознаа разликата и очекувам и оние кои гласаа за Река да постапат одговорно и да гласаат за патот кој води напред затоа што патот назад носи штета  за сите па и за нив.

Сите имаме одговорност кон сопстевните деца и земјата верувам и ке ги убедиме и најколебливите дека треба да придонесат за нашите заеднички перспективи.

Изморена е земјата од квазинационалисти и квази патриоти“ рече Заев.

Претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски кажа дека на денешните избори мнозинска пдоршка добил концептот „Заедно напред“ за кој гласале и Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Власи, Роми.

„Концептот Заедно ќе победи и на вториот круг на 5 мај. Овој концепт има повеќе шанси да добие поддршка кај Албанците, за разлика од концептот на Силјановска кој е анахрон“ рече Пендаровски.

Тој додаде дека во неговиот Концепт има место за сите.

„ Десет години оваа држава немаше претседател,  да не и го направиме повторно тоа на земјата.

Сакам да се обратам посебно до граѓаните кои гласаа за кандидатот Блерим Река, до неодлучните, како и до оние кои гласаа за Силјановска, но внатрешно се свесни за штетите што ги носи тој концепт на поделби и враќање назад. Прогресивниот концептот Едно општество за сите мора да продолжи, за да живееме заедно спокојно.Прогресивниот концепт Евро-атланстски интеграции мора да продолжи, за да живееме во стабилна и напредна држава.Прогресивниот концепт, Економски разиена држава, е можен само ако се реализираат и првите два концепта“ кажа Пендаровски.

Извор:НоваТВ