(Дубаи – Портал) – Според официјалните податоци на Државната изборна комисија (ДИК) одзивот на гласачите до 10 часот е 6,39% од обработени 94 отсто од избирачките места. Досега од вкупно запишаните 1.808.131 гласачи своето право на глас го искористиле 108.247 граѓани.
Најголем одзив до 10 часот има во Свети Николе – 11.48 %, Прилеп – 11,05%, Новаци – 10,63%, Демир Хисар – 10,12% и Пехчево каде досега гласале 10,22%.
Најмајлки гласачи засега излегле во Липково – 0,97%, Пласница – 1,58%, Боговиње – 1,79% и Желино – 1,82%.
Изборите течат мирно и без нерегуларности, соопшти портпаролот на ДИК, Љупка Гугучевска.
Mahir Demişoski










