Франција: Хаос на протестите на Жолтите елеци, демонстрантите палат, полицијата користи солзавец

0
198

Париската полиција денеска употреби солзавец против дел од учесниците на протестот на “Жолтите елеци” во главниот град на Франција, додека помала група на демонстранти поставувале помали пожари.

Полицијата соопшти дека 126 лица се уапсени и дека повеќе од 11.000 се легитимирани додека пристигнувале на денешните протести во главниот град.

Полицијата користела солзавец за да ги стивне тензиите во текот на маршот на неколкуте десетици илјади луѓе од француското Министерство за финансии до плоштадот на Републиката во источниот дел на Париз.

Демонстрантите запалиле барикади и палеле гранки. Пожарникарите реагирале брзо и го изгаснале пожарот.

Маршот од Министерството за финансии една е од неколкуте акции кои денес во Париз и другите градови на франција ги најавија демонстрантите.

Протестите заради високите даноци и економската неправда генерално се мирни.

Некои демонстранти се фрустрирани поради тоа што напорите за спасување на оштетената катедрала Нотр Дам ги поставија барањата на “Жолтите елеци” во втор план.

Извор:(Vijesti/ Бета)