САД и Русија соопштија дека во моментов не можат да ја поддржат резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, повикувајќи на прекин на огнот во Либија, тврдат неименуваните дипломати.
Русија се спротивставува на тоа што во британската нацрт резолуција се обвинува командантот на либиската непризната администрација на Либија, Калифа Хафтар, за последното насилство заради напредокот на неговата либиска национална армија кон предградија на Триполи претходно овој месец, додаваат дипломатите.
Од друга страна, САД не ја објаснија својата позиција во врска со нацрт-резолуцијата, која исто така ги повикува земјите со влијание врз завојуваните страни да обезбедат согласност за безусловниот пристап кон хуманитарната помош за Либија, објави Ројтерс.











