Грчкиот парламент официјално го поддржа предлогот на грчката влада да поднесе барање до Германија во врска со исплатата на воената компензација за страдањето на земјата во окупацијата, за време на Втората светска војна.
Грчките медиуми објавија дека одлуката во грчкиот парламент била усвоена со мнозинство гласови, а покрај тоа иницијативата лично беше поддржана и од премиерот Алексис Ципрас.
“Грчката влада има намера да испрати писмено барање до владата на Сојузна Република Германија, во која ќе ги повтори своите непроменливи барања што произлегуваат од нацистичката интервенција и окупација, како и воените злосторства на нацистичка Германија”, изјавил Ципрас. Тој, исто така, истакна дека преговорите за усменитее преговори со германската влада започнале во 1995 година.
Во текот на 2018 година објавено е дека Грција ја проценувала штетата од германската окупација во периодот 1941-1944 година на околу 300 милијарди евра. Во исто време, Берлин ги отфрли сите грчки барања, тврдејќи дека во 1960 година на Грција веќе и била исплатена компензација во износ од 115 милиони евра.
На почетокот на април стана извесно и за плановите на Полска за барање на 900 милијарди евра од Германија за надомест на штета која ова земјата претрпела во времето на нацистичката окупација на Втората светска војна.
Овие полски намери, исто така, ги отфрли германската влада, потсетувајќи дека Полска официјално се откажала од нив. Многу германски аналитичари, исто така, истакнуваат дека Полска, како компензација, значително ја проширила својата државна територија во западниот дел на земјата на сметка на германската државна територија која била пред Втората светска војна.










