Управата на исламски вакуфи во Ерусалим соопшти дека пожарот избил во југозападниот дел на комплексот „Ал Акса“ и дека го предизвикале деца
(Дубаи – Портал) – Во комплексот на џамијата „Ал Акса“ во старото јадро на окупираниот Источен Ерусалим (Кудс) синоќа изби пожар во еден од безбедносните објекти, јавува Anadolu Agency (AA).
Управата на исламски вакуфи во Ерусалим соопшти дека пожарот избил во југозападниот дел на комплексот „Ал Акса“ и дека го предизвикале деца.
Во соопштението се наведува дека пожарникарите интервенирале навреме и го изгаснале пожарот.
Mahir Demişoski









