Адвокатката Робинсон ја обвини Владата на Еквадор дека лаже за однесувањето на Асанж

0
112

Адвокатката на приведениот основач на Викиликс, Џулијан Асанж, ја обвини Владата на Еквадор дека шири невистини за однесувањето на Асанж за време на неговиот престој во амбасадата на таа земја во Лондон, пренесува Anadolu Agency (AA).

Џенифер Робинсон за телевизијата „Скај њуз“ (Sky News) изјави дека власта на Еквадор со „нечуени обвинувања“ сака да го оправда тоа што во четвртокот ѝ дозволи на британската полиција да влезе во амбасадата и да го приведе Асанж.

Претседателот на Еквадор, Ленин Морено, претходно му го укина политичкиот азил на Асанж и на тој начин ѝ овозможи на британската полиција да го приведе.

Адвокатката Робинсон рече дека Асанж имал големи проблеми откако Морено во 2017 година е избран за претседател на Еквадор.

Австралиецот Асанж, компјутерски програмер, новинар и активист, е главен уредник и основач на „Викиликс“, организација која објавува тајни информации и доверливи документи од анонимни „информатори“.

Шведската полиција започна истрага за вмешаност на Асанж во случај на силување за времена неговиот престојот во Шведска 2010 година. По враќањето во Британија, Шведска побара негова екстрадиција.

Британските власти, информирајќи дека нема да му дозволат на Асанж да ја напушти земјата, објавија дека тој ќе ѝ биде испорачан на Шведска. Во 2012 година Асанж се скри во еквадорската амбасада во Лондон, каде што доби дипломатски азил.

Асанж ги негира сите обвинувања и од 2012 година досега никогаш не ја напушти амбасадата на Еквадор, стравувајќи дека доколку ја напушти зградата, би бил приведен од британските власти и би бил испорачан на САД, која сака да му суди за шпионажа поради објава на таинствени документи.