Извори за АА велат дека првиот заменик на Ал Башир, генерал-полковникот Авад Ибн Ауф, го убедил претседателот да се повлече поради постојаните протести.
(Дубаи – Портал) – Во командата на суданската Армија избија спорови за тоа кој ќе го води преодниот совет по објавената оставка на суданскиот претседател Омар ал Башир, јавува Anadolu Agency (AA).
Извори за АА велат дека првиот заменик на Ал Башир, генерал-полковникот Авад Ибн Ауф, го убедил претседателот да се повлече поради постојаните протести.
Истите извори велат дека Ибн Ауф сега планира да раководи со Воениот совет кој ќе ја надгледува преодната фаза на земјата по Башир.
Изворите, сепак, додаваат дека Армијата во моментот се противи на Ибн Ауф, кој е познат по неговата блискост со режимот на Ал Башир, и дека поради тоа можеби нема да добие поддршка.
Претходно денеска стотици илјади лица излегоа на улиците на Картум и другите градови за да изразат задоволство по објавата за оставката од страна на Ал Башир по 30 години власт.
Според локалните медиуми, Ал Башир во моментот се наоѓа во домашен притвор, а неговите телохранители се приведени.
Mahir Demişoski










