– Израелскиот министер за земјоделство, Ури Ариел, придружен од група фанатични Евреи влезе во дворот на џамијата „Месџид-и Акса“
(Дубаи – Портал) – Израелскиот министер за земјоделство, Ури Ариел, придружен од група фанатични Евреи, обезбеден од израелската полиција извршил упад во џамијата „Месџид-и Акса“, која се наоѓа во окупираниот Источен Ерусалим, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писмената изјава од администрацијата на Исламски фондации во Ерусалим се соопштува дека Ариел утринава, заедно со група фанатични Евреи извршил упад во џамијата „Месџид-и Акса“.
„Ариел и неговата придружба, откако извесно време прошетале во дворот на „Акса“, ја напуштиле областа“, се вели во писменото соопштение.
Ариел, кој во коалиционата Влада е министер од партијата Еврејска куќа, често врши упади во џамијата „Месџид-и Акса“.
Ариел оваа година повеќепати упадна во „Акса“, а последен пат влезе во „Харем-и-Шериф“ на 26 февруари.
Радикалните Евреи, во придружба на полицијата повремено во утринските и попладневните часови влегуваат во дворот на „Ал Акса“, што доведува до зголемување на тензиите меѓу Палестинците и припадниците на безбедносните сили на Израел.
Комплексот „Ал Акса“ се простира на 15 отсто од површината на старото јадро на Ерусалим, кој е под израелска окупација, а претставува точка на спојување на трите најголеми религии на светот.
По „Месџид ел Харам“ во Мека и Џамијата на пратеникот во Медина, „Ал Акса“ е трето најважно место за муслиманите.
Mahhir Demişoski









