Палестинците со реакција за израелските избори: „Иднината е мрачна“

0
126

(Дубаи – Портал) – Палестинците и нивните лидери на Западниот Брег и во Појасот Газа реагираа на резултатите на парламентарните избори во Израел.

Ханан Ашрави, палестински функционер, наведе дека Израелците гласале за кандидатите кои се „недвосмислено посветени на уништување на статусот кво – на угнетување, окупација, анексија и одземање на имотот на Палестина“.

„Ги одбраа недвосмислено десното крило, ксенофобијата и антипалестински парламент да ги претставува. Израелците избраа да го зацврстат и прошираш апартхејдот“, кажа тој.

Неколку дена пред гласачите да излезат да гласат, премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху кажа дека планира анексија на еврејските населби на Западниот брег доколку го освои петтиот мандат.

Се очекува Нетанјаху да формира коалиција која ќе биде „крајно десничарска“.

Помошникот на палестинскиот претседател Махмуд Абас Ахмед Мајдалани кажа дека Палестинците ќе бараат глобална поддршка за да блокираат какви било планови за анексија.

Меѓутоа, 55-годишнот машински инженер Адел Кафајал вели дека очекува поинтензивна изградба на населби и конфискација на земјиштето од Палестинците на Западниот брег.

„Доаѓаат незибежни судири. Можам да ви кажам едно нешто: иднината е мрачна како ноќ без месечина. Оваа крајно десничарска влада е гладна за повеќе земја, повеќе контрола. Бог нека ни се смилува“, наведе тој.

Mahir Demişoski