Нокаут за биткоинот. Кина забранува „рударење“ криптовалути!

0
107

(Дубаи – Портал) – Националната комисија за развој и реформи на Кина го смести „рударењето“ на биткоини и други крипто-валути во прелиминарната листа на забранети активности во државата! Документот објавен од страна на кинеските власти укажува дека рударењето криптовалути е несигурна активност и дека не одговара на актуелното законодавство.

Ова не е првпат Кина да применува рестриктивни мерки кон криптовалутите. Во 2017 година властите во Пекинг ја забранија размената со криптовалути. Инаку, поради фактот дека во Кина претходно немаше рестрикции во рударењето, оваа азиска земја денес е одговорна за 70 проценти од таканареченото глобално рударство со криптовалути.

Mahir Demişoski