Saturday, April 18, 2026
Home Технологија БМВ останува на луксузните бензински модели и го задржува моќниот В12 мотор

БМВ останува на луксузните бензински модели и го задржува моќниот В12 мотор

0
110

(Дубаи – Портал) – Кон електрификацијата се приклучи и БМВ , па сепак останува на луксузните бензински модели со најава дека ќе ги развиваат. БМВ се реши да го задржи и моќниот В12 мотор во понуда на актуелната серија 7 и тоа уште најмалку 4 години.

,,Ќе го задржиме В12 најмалку до крајот на актуелната генерација , барем до 2023.” , изјави Михаел Бајер, шеф на развојот на погоните на новата  7- ка за списанието Топ Гир.

Се остава можност модернизираниот 6.0 мотор да се задржи и по 2023 , најави Бајер. Се претпроставува дека со модернизацијата и вградувањето филтри ќе може да падне силата од сегашните 610 на 585 Кс.

БМВ сака да го задржи овој модел пред се поради големата побарувачка за M760Ли, и тоа во Кина и во земјите на Средниот Исток. За загадувањето при потрошувачка од 12,5 л/100км не треба да се потенцира , зашто емисијата изнесува 285гр. CO2/км.