Нацрт-резолуцијата беше ратификувана со 23 гласа „за“ и 8 „против“, додека 15 членки беа воздржани.

(Дубаи – Портал) – Советот за човекови права на Обединетите нации (ОН) ја усвои нацрт резолуцијата за осуда на Израел и поголемо присуство на силите на ОН на окупираната палестинска територија, јавува Anadolu Agency (AA).

На последниот ден на 40. сесија на овој Совет, која е во тек, во Канцеларијата на ОН во Женева беше разгледан нацртот на Бахреин, Боливија, Куба, Пакистан, Сенегал, Венецуела, Зимбабве и Палестина против Израел.

По одржаните говори околу овој нацрт, беше одржано гласањето во Советот кој брои 47 членки.

Нацрт-резолуцијата беше ратификувана со 23 гласа „за“ и 8 „против“, додека 15 членки беа воздржани.

Привлече внимание тоа што Австралија, Австрија, Бразил, Бугарија, Чешка, Фиџи, Унгарија и Украина гласаа против оваа нацрт-резолуција.

Mahir Demişoski