Израелските сили ранија 14 Палестинци кои се обидоа да ја пробијат блокадата на Газа

0
171

Израелските сили ранија најмалку 14 Палестинци кои по морски пат се обидувале да ја пробијат блокадата во Газа, објави агенцијата Анадолу.

Група Палестинци на поморската граница на Израел и Газа оддржале протести со цел пробивање на долготрајната блокада на Газа.

Покрај тоа, во рамките на протестите на десетици Палестинци со вкупно 20 бродови навлегле во морето.

Според тврдењата на очевидци, израелските сили отвориле оган за да ги задржат чамците оддалечени границата со Израел.

Палестинското Министерство за здравство, исто така, соопшти дека израелските сили на брегот на Газа пукале во Палестинците кои се обиделе да ја разбијат блокадата на таа област.

Се додава дека во таа прилика 14 Палестинци биле повредени од борбената муниција.

Протестите, овој пат, се одржаа во организиранизација на Националното движењето за блокада во Газа.

Талал Абу Зарифе од Националното движење за пробивање на Палестинците во Газа соопшти дека Газа ќе продолжи да следи разни форми на мирни протести.

“Окупираните мора да разберат дека нивните активности во Појасот Газа не можат да нѐ спречат да ги спроведуваме нашите мирни акции”, истакнал Абу Зарифе.

Израел од 2006 година Газа ја држи под блокада. Шест од седумте гранични премини во појасот Газа, во кои живеат речиси два милиона Палестинци, се под контрола на Израел и еден Египет.