Египетските власти денес го отворија граничниот премин Рафа во блокираниот Појас Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Според репортерот на АА, стотици патници чекале да го преминат терминалот кон египетската територија.
Во понеделникот Министерството за внатрешни работи на Хамас во Газа соопшти дека граничниот премин ќе биде отворен во двете насоки, без да даде детали за тоа колку долго преминот ќе остане отворен.
На 7 јануари Министерството за внатрешни работи предводено од Хамас ја презеде одговорноста за управување со преминот, по повлекувањето на персоналот на палестинската власт со седиште во Рамала.
Властите од Рамала соопштија дека ги повлекле своите вработени поради „практиките на Хамас“.









