Вчера, после обраќањето на американскиот потпретседател Мајк Пенс на “Венецуелскиот народ”, водачот на латиноамериканската опозиција, Хуан Хеардо Гуаидо, беше прогласен за “вршител на должноста претседател”.
Во своето обраќање, Мајк Пенс ги повика луѓето во Венецуела да го кренат својот глас во името на слободата и да го поддржат Хуан Гуаидо во уривањето на диктатурата на Мадуро и воспоставувањето демократија. Американскиот потпретседател им вети на луѓето од Венецуела дека САД ќе бидат заедно со нив, како што отсекогаш биле и ќе бидат.
ВИДЕО – Краток повик на Пенс на “уривање на диктатурата” од страна на потпретседателот на САД
По директениот повик од Вашингтон за државен удар, Хуан Хеардо Гуаидо буквално на улица сам себе си се прогласи себеси за претседател и му се заколнал на десетици илјади луѓе собрани во Каракас дека ќе ја обнови демократијата во Венецуела.
ВИДЕО – Хуан Гуаидо е назначен за “вршител на должноста претседател”
Прво самопрогласениот претседател беше признаен од Доналд Трамп и американската администрација, а неколку часа подоцна од новиот бразилски претседател, Јаир Болсонаро.
Како одговор, претседателот Николас Мадуро и владата на Венецуела ги прекинаа дипломатските односи со САД и на дипломатите на амбасадата на САД го дадоа рокот од 72 часа за да ја напуштат земјата.
Во меѓувреме, поранешниот американски амбасадор во Обединетите нации, Ники Хејли, ги повика “луѓето од Венецуела” да излезат на улиците и да останат таму “додека Мадуро не исчезне”.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео го повика претседателот Николас Мадуро да поднесе оставка и ја повика армијата на земјата да ги поддржи напорите за “повторно воспоставување демократија”, што може да се смета како директен поттик на воен удар.
САД се заканија со војна

Високи претставници на американската администрација рекоа дека биле на маса “сите опции”, вклучувајќи ги и воените, ако владата на Мадуро возврати со одмазда против секој член на националното собрание, кој не го признал неговиот легитимитет како претседател.
Вашингтон не го призна изборот на Николас Мадуро минатата година, велејќи дека изборниот процес е “нелегален”.
Трамп изјави дека одлуката на Хуан Гуидо да се прогласи за привремен претседател “храбара” и вети дека САД ќе ги поддржат напорите за воспоставување на преодна влада. Што точно значи тоа не е тешко да се претпостави. Во овие случаи, правило беше прво да се воспостави енклава “слободна територија” со некои од пограничните земји, по што Хуан Хеардо Гуаидо ќе воспостави преодна влада признаена од САД и нивните сојузници во Латинска Америка и светот, проследено со конфликт со владини сили, со сета поддршка во воената опрема и пари од страна на САД, како што беше случајот со Сирија или со други земји кои се уништени од насилното воведување на демократијата.
Каракас ја мобилизираше војската

Можеби во Вашингтон, не очекуваа таква брза реакција на владата на Николас Мадуро и прекин на дипломатските односи со Вашингтон. Во моментов, ситуацијата во земјата е напната. Опозицијата организираше насилни протести во источниот дел на Каракас, но тие во моментов се ограничени во областа.
САД одбиваат да ги повлечат дипломатите од Венецуела
Настана сложена ситуација во која американскиот државен секретар Мајк Помпе одби да ги повлече дипломатите од Каракас, тврдејќи дека владата што ги прекинала дипломатските односи со САД не била легитимна и се заканувала со “соодветни дејства” ако некој биде загрозен.
Сепак, Каракас се заканува дека на Американската амбасада ќе им ја исклучи водата и електрична енергија, на тој начин земјата ќе ја напуштат “милум или силум“.
Експертите велат дека на “Мадуро нема да успеат да го соборат”, а државниот удар кој го поддржува САД во Венецуела може да доведе до крвава граѓанска војна.
Поддршка на Венецуела
ФОТО: Николас Мадуро и Владимир Путин
Поддршката на Венецуела веднаш беше дадена од Кина, која ги повика странските актери да не се вклучуваат во внатрешните проблеми на латиноамериканската земја.
“Кина ја поддржува владата на Венецуела во нејзините напори за одржување стабилност, зачувување на суверенитетот и независноста, ние секогаш се придржуваме кон принципите на немешање во внатрешните работи на другите земји и се спротивставуваме на какво било друго мешање во внатрешните работи на Венецуела”, изјавила портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чунинг.
Реџеп Тајип Ердоган: “Брат Мадуро, држи се, ние сме со вас”

Турскиот претседател Ердоган, исто така, одржа итен телефонски разговор со претседателот на Венецуела, кој изрази поддршка за својот колега Николас Мадуро и го советуваше “цврсто да се држи” во контекст на акциите на Вашингтон, изјави турскиот претседател Ибрахим Калин.
“Нашиот претседател го повика претседателот на Венецуела Мадуро, му ја изрази својата поддршка за Турција и рече:” Брат Мадуро, држи цврсто, ние сме со вас! “, напишал на Твитер Ибрахим Калин.
“Турција, под раководство на својот лидер, ќе го брани својот принципиелен став против обидот за државен удар”, додал најблискиот соработник на Реџеп Тајип Ердоган.
Покрај Турција, претседателот во овие критични часови го поддржаа Мексико, Боливија и Никарагва.
Став на Русија – Никој нема легитимитет за агресија врз суверената држава

Русија ја поддржува владата на Николас Мадуро. Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, истакна дека примерот на настаните во Венецуела јасно покажува како “прогресивната западна заедница” во реалноста се однесува на меѓународното право, суверенитетот и немешањето во внатрешните работи на државите, помагајќи да се соборат владите на суверените земји.
Русија соопшти дека создавањето на паралелна влада е директен пат до хаос.
“Ние ги предупредуваме САД на тоа. Веруваме дека ова ќе биде катастрофално сценарио кое ќе ги разниша темелите на развојниот модел во регионот на Латинска Америка, каде што, како што знаете, еден од основните слогани и концептуални елементи е блискоста на единството во разновидноста “, изјавил рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рябков , одговарајќи на прашањето дали е можна американска воена интервенција во Венецуела.
Покрај тоа, Москва ги предупредува САД да не преземаат вакви чекори.
Создавањето на паралелна власт во Венецуела ќе биде директен пат до хаосот и уништувањето на државноста, објави руското Министерство за надворешни работи.
“Русија жестоко ги осудува оние кои туркаат венецуелско општество во провалија на крвав граѓански конфликт. САД во ситуацијата со Венецуела покажуваат целосно запоставување на нормите на меѓународното право. Руското Министерство за надворешни работи ги повика опозициските политичари од Венецуела да не постанат пиони во странската шаховска игра. Вооружената интервенција во Венецуела ќе биде полна со катастрофални последици. Русија е подготвена да соработува со сите земји што ќе придонесат за изнаоѓање заемно разбирање во Венецуела “, се вели во најновото соопштение на руското Министерство за надворешни работи.
Европската унија не знае на чија страна е

Во Европската унија, како што е очекувано, на кризните ситуации во светот одговараат збунувачки. Претседателот на Европската унија Доналд Туск ги повика европските земји да ги поддржат демократските сили во Венецуела и самопрогласеното “претседателство” на Хуан Герард Гуидо, додека францускиот претседател Макрон рече: “Франција и европските земји не поддржуваат ниту еден од претседателот на латиноамериканската земја, ниту од Мадуро, ниту Гуаидо “.
Германија, Шпанија, Италија и Франција си зеле време да размислуваат, но директно не поддржуваат ниту едниот ниту другиот претседател.
Може ли Венецуела да ја избегне војната?

Најважно во ово момент е ставот на венецуелската армија, а воениот врв го отфрли повикот на американскиот државен секретар да го поддржат востанието и да придонесе за соборување на Мадуро.
Венецуелската армија нема да го прифати претседателот на република што го назначи САД, изјави вчера министерот за одбрана на Венецуела, кратко време откако американскиот претседател Доналд Трамп официјално го призна Хуан Гуадио за “привремен претседател на Венецуела”.
“Очајот и нетолеранцијата го загрозуваат мирот на нацијата. Војниците на татковината не го прифаќаат претседателот наметнат во сенка на нејасни интереси или самопрогласен надвор од законот. Боливарските национални вооружени сили ќе го бранат венецуелскиот устав и ќе гарантираат национален суверенитет “, изјавил Владимир Падрино Лопез.
Тој посочи дека армијата ќе продолжи да го брани националниот суверенитет и рече дека има “темни интереси” зад обидот Гуадио да стане лидер на земјата.
До сега, во немирите, што започнаа по неуспешниот бунт на 25-те војници предводени од лидерот Луис Фигеро, во немири и судири меѓу две фракции, опозицијата од една страна и провладините активисти и полицијата, од друга страна, смртно настрадаа 18 лица.

Ако ескалира, ситуацијата во Венецуела ќе се претвори во катастрофа. Потсетуваме дека армијата на земјата е многу бројна и многу добро опремена, ама на Мадуро има потреба од поширока меѓународна поддршка, со оглед на тоа што и бразилскиот претседател, Јаир Болсонаро, порачал “дека за смирување на ситуацијата во соседната земја се разгледува и воената опција”.
Во следните неколку часа, можеби најмнигу еден ден, ќе биде од клучно значење за земјата во Латинска Америка и ќе даде одговор на прашањето дали Венецуела ќе заврши како неуспешна земја како Либија. Сценариото на Вашингтон за соборувањето на Николас Мадуро е идентично. Важно е да се напомене дека во овој случај, САД не му требаат НАТО, барем не на оперативно ниво, бидејќи Пентагон во овој случај има доволна поддршка од Колумбија и Бразил, можеби од Аргентина. Од Европската унија, САД очекуваат само дипломатска поддршка за своите акции во Латинска Америка.
Не треба да гаат илузии. Планот за соборување на владата во Каракас е активиран и САД нема да се повлечат. Ако во Венецуела избувна граѓанска војна, во комбинација со странска агресија на Соединетите Американски Држави, Колумбија и Бразил, таа може да се прелее на целиот континент, што е цел на Вашингтон, губејќи ја својата позиција на Блискиот Исток и Африка. Како работите ќе продолжат, ние ќе известуваме за читателите во наредните часови и денови.
Мадуро му порача на САД: “Надвор! имате 72 часа да ја напуштете земјава..“
Венецуала: Спречен обид за државен удар од страна на група војници
Извор:logicno.com











