Ирачките деца со карате тренинзи на снег и ниски температури

0
148

Деца на вораст меѓу шест и 18 години од Пенџвин, во Ирак, тренираат карате надвор и покрај високата снежна покривка и ниските темератури на воздухот.

Младите каратисти и каратистки, со честите и напорни тренинзи, сакаат да остварат значајни резултати на меѓународните и државни натпреварувања.

Инструкторот во Центарот за карате во Пенџвин, Дана Осман, за АА истакна дека децата тренираат пет часа неделно и дека оваа година се одлучиле на нешто ново.

Осман појасни дека решиле техниките оваа година да ги презентираат со тренинзи на снегот.

Тој додаде дека тренинзи одржуваат и во затворен простор, каде што вежбаат во согласност со временските услови. Смета дека тренингот на снег има бројни предности.

Каратистката Сенарја Саман (12) рече дека тренингот на снег е забавен. Таа вели дека психички подобро се чувствува поради спортувањето на снег.

„Тренирањето надвор во зимски услови е подобро за нас во секој поглед. Ова ни овозможува подобра подготовка за турнирите и првенствата“, смета Саман.