Организаторите на минатонеделните протести во Атина против ратификацијата на договорот со Македонија повикаа на протест што ќе се одржи денеска.
Протестот е закажан во ек на гласањето за ратификација на овој договор од Преспа во грчкиот парламент.
Демонстрантите закажаа митинг во 19 часот по локално време, велејќи дека протестот е “краен обид да се спречи ратификацијата на срамниот договор”, објави веб-страницата Катимерини.
“Комитетот за борба против грчкиот карактер на Македонија”, организација која спроведува протести против Преспанскиот договор, ги повика Грците да дојдат на плоштадот во Атина пред грчкиот парламент по попладневните избори против ратификувањето на договорот и да го изразат своето противење, пренесе МИА.
“Никој да не оди на работа. Продавниците, училиштата да останат затворени, државните службеници да не се појавуваат на нивните работни места, грчко знаме во половина копје да биде ставено на секоја куќа, ѕвонењето на црквата како знак на жалење. На секој Грк и Гркинка им должима за тоа што ги оставија своите семејства и се жртвуваа Македонија да остане Грчка, пред околу 100 години “, се вели во соопштението на организаторот.









