Палестина денеска официјално од Египет го презеде претседателството со групата Г77 + Кина, која се состои од земјите во развој при Генералното собрание на ОН.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас, зборувајќи по повод обраќањето кон присутните, рече дека израелската окупација на Палестина во голема мера го спречува напредокот на целиот регион.
– Израелската окупација е пречка за нашиот развој и ја загрозува соработката и напредокот на целиот регион – изјавил Абас во говорот пред Генералното собрание на ОН.
Тој додаде дека неговата земја ќе стори сé за да ги заштити интересите на групата Г77 + Кина, истакнувајќи дека ќе ги направи потребните напори да им помогне на земјите од регионот да придонесат за градење на мирот и безбедноста во Блискиот Исток.
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутерес, й честиташе на Палестина за преземањето на претседателската функција на групата Г77 + Кина.
Тој посочи дека оваа група земји игра важна улога во прифаќањето на Глобалниот договор за миграција, Конвенцијата од Маракеш и во борбата против климатските промени.
Извор:faktor.ba











