Реал Мадрид од Манчестер сити го донесе младиот Брахим Дијаз

0
194

Шпанскиот играч од средниот ред на Манчестер сити, Брахим Дијаз, потпиша за Реал Мадрид шест и полгодишен договор, односно до јуни 2025 година.

Дијаз (19) во Манчестер сити дојде од шпанска Малага кога имаше само 14 години, и оваа сезона за Манчестер сити одигра четири натпревари.

Според британските медиуми, Реал Мадрид му платил на Манчестер сити трансфер од 15 милиони фунти (околу 19 милиони долари) за шпанскиот тинејџер.

Реал Мадрид загуби со резултат 2:0 од Реал Сосиедад на домашен терен на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, а во шпанската Ла Лига се наоѓаат на петтото место со 30 поени, додека Барселона го победи Гетафе со 2:1, останувајќи на врвот на лигата со 40 поени.