Странските студенти од Универзитетот „Тракија“ во Едрене, на кој студираат лица од Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија, Грузија, Казахстан и други земји, во рамките на периодот на адаптација, учат за вкусот на јадењата од 15 и 16 век, коишто се подготвувале во кујните на османлиските палати.
Студентите, заедно со готвачите од Универзитетот, во придружба на своите професори, во своето мени го додадоа јадењето „зирва“, храна што во периодот на Османлиската Држава, во јавните кујни на подрачјата на Фатих и сулејманите во Истанбул и Бајезит II во Едрене, му биле делени на народот во петоците и за време на празниците.
Во објектот на кујната на Универзитетот „Тракија“ во Едрене, што се наоѓа на брегот од реката Марица, повремено се среќаваат студенти со потекло од Македонија, Грузија, Косово, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Грција, Крим, Туркменистан, Узбекистан, Киргистан и Романија, каде што благодарение на Бурак Ишчимен, инструктор при Генералниот директорат на Универзитетот „Тракија“, добија информации за храната што се служела во кујната на османлиската палата.
Студентите оваа недела го подготвија јадењето „зирва“ составено од месо и овошје, кое се подготвува од јагнешко месо, бадеми, суво грозје, мед, кајсии, суви црешни, смокви, шафран и нишесте, а кое било дел од главните јадења кои во петоците и празниците им биле делени на народот во Фатих Султан Мехмет Хан.

– „Презентација на турската култура“
Ректорот на Универзитетот „Тракија“, проф. д-р Ерхан Табакоглу, за АА изјави дека на Универзитетот „Тракија“ студираат 3.300 странски студенти.
Истакнувајќи дека на странските студенти им се презентира турската култура, ректорот Табакоглу изјави: „Ги почитуваме и им придаваме значење на странските студенти. Сакаме да ги научиме на турската култура и традиција. Нашата кујна ја посетуваат студенти од 13 земји. Се обидуваме да ги научиме на различните јадења што се подготвувале во султанската палата. Како последно, ги учиме на подготовката на зирва, кое е многу посебно јадење. Тоа е јадење кое се подготвувало во османлиската палата и јадење кое му било делено на народот“.
Професорот од Катедрата за природни науки на Универзитетот „Тракија“ и директор на Истражувачкиот центар за надворешни односи, доц. д-р Мурат Туркјилмаз, рече дека преку семинари и работа се обидуваат на странските студенти да им ја раскажат османлиската култура и културата во османлиските палати. „Тоа им го презентираме на странските студенти. Во тие рамки, започнавме нашите студенти да ги учиме на османлиските јадења. Истовремено, во кујната тие ги подготвуваат јадењата што ги знаат. Ангажирајќи се со секој студент одделно, се обидуваме на нашите студенти да им ја презентираме нашата култура. Во деновите што претстојат, нашите меѓународни студенти ќе продолжат да ги учат и да ги подготвуваат јадењата од кујната на османлиските палати“, изјави Туркјилмаз.

– Османлиски вкус со традиција
Бурак Ишчимен, координаторот на проектот за адаптација на кујната од османлиските палати и инструктор при Генералниот директорат на Универзитетот „Тракија“ во Едрене, изјави дека османлиската кујна е со долга традиција и има широк спектар на вкусови.
Нагехан Зекири од Македонија, студентка на Универзитетот „Тракија“ рече дека вкусот на јадењата во Турција е сличен со оној во Македонија.
Велејќи дека и во Македонија се подготвуваат јадења од османлиската кујна, Зекири изјави: „Јас ова јадење за првпат го подготвив. Отсега натаму и во студентскиот дом ќе им подготвувам зирва на моите колешки“.
Синди Билибаше од Албанија, велејќи дека и претходно вниманието ѝ го привлекувале јадењата од османлиската кујна, истакна: „Во однос на Албанија, вашите јадења се повкусни. Кога ќе се вратам во својата земја, ќе им ги подготвувам овие јадења на моите најблиски.“











