Двајца скијачи смртно настрадале во лавини, а илјадници туристи останале блокирани заради големите количинина паднат снег во големите скијачки центри во австриските Алпи за време на викендот, заради што дошло и до создавање на опасни услови.
Повеќе од половина метар снег паднал во саботата наутро на северните падини на Алпите.
Скијачите загинале одделно
Ризикот од лавина во повеќето планински области во Австрија е означен како висок, втор највисок степен на скала од пет нивоа.
И покрај ризиците и предупредувањата, некои скијачи сепак одлучија да скијаат од скијачките патеки, така што двајца германски скијачи ги загубиле своите животи во планините во Форарлберг, западно од земјата.
Скијачите загинале иако имале и елеци кои се надувуваат во случај на лавина како би се одржале на површината на снегот. Тие бнастрадале одвоено.
Спасувачките екипи успеале да ги ископаат од снегот, но не успеале да ги оживеат.
Вчера, загинал и сноубордер
Третата смрт беше регистрирана вчера во Форарлберг, кога швајцарскиот сноубордер во кривина излетал надвор од патеката и слетал по остра падина и починал откако со главата се забил во длабок снег.
Околу 12.000 туристи останале во ски-центарот Саалбах-Хинтерглем до недела попладне кога експертите со контролирана експлозија покренаа лавина и ја ослободија местото, изјавил за ДПА, Алоис Хасанауер.
Во Обертаурен патиштата сеуште се затворени, но со помош на службите за итни случаи, беа организирани конвои за неколку стотици скијачи кои сакаа да ја напуштат областа.
Зимското време предизвикало проблеми во другите делови на земјата каде што дрвјата започнале да паѓаат на патиштата и железниците, а паднале и неколку далеководи.









