Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО ќе биде подготвен во моментот кога Преспанскиот договор ќе биде имплементиран и ратификуван од двете страни, изјави денеска вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.
-За да може се ратификува протоколот на НАТО, тој протокол мора НАТО да го подготви. Сите претставници на НАТО, почнувајќи од генералниот секртар од самиот почеток на овој процес ја испратија пораката дека протоколот ќе биде подготвен во моментот кога преспанскиот договор ќе биде имплементиран и ратификуван од двете страни. Ние очекуваме дека нашиот дел од обврските навреме согласно планови ќе ги спроведеме. Очекуваме дека истото ќе го направи и Грција – рече Шекеринска при посетата на Караулата на АРМ Богородица на јужната граница.
Таа додаде дека очекува дека веднаш по ратификацијата на Преспанскиот договор во грчкиот Парламент да биде изготвен НАТО протоколот и веднаш да биде ставен на дневен ред на грчкиот Парламент.
Повеќе на:fokus.mk










