САД / ШОК: Се породила жена која веќе десет години е во кома

0
340

Жена која веќе десет години се наоѓа во вегетативна состојба се породи на крајот на декември во американската сојузна држава Аризона, јави агенцијата Анадолу (АА).

Локалните медиуми објавија дека полицијата Феникс започнала истрага за силување во болницата Hacienda HealthCare.

Жена, која после задушување, била 10 години во вегетативна состојба, силувана е и останала бремена, а на 29 декември и се породила.

Наведено е дека персоналот во болницата не знаел дека жената била бремена се додека не почнала да се пораѓа.

Тие истакнаале дека е родено здраво бебе.

Портпаролката на болницата Ненси Салмон потврди дека во тек е истрага и дека во овој момент не можат да дадат повеќе информации.