РАМА: Година на сите Албанци

0
199

Албанскиот премиер Еди Рама и косовскиот претседател Хашим Тачи за прв пат оваа година се состанаа во Тирана.

“Ова е година на Албанија, Косово и сите Албанци”, напишал Рама на Instagram.

Состанокот меѓу Рама и Тачи уследи само на неколку дена откако косовскиот премиер Рамуш Харадинај, при потпишувањето на договор за формирање заеднички гранични точки меѓу двете земји, изјави дека “границата на Косово спрема Албанија повеќе не постои“.