Заради дефект на воздушни перничиња Форд повлекува 953.000 возила

0
267

Форд повлече 953.000 возила ширум светот за да ги замени инфлаторите на Такатин воздушните перничиња кои можат да експлодираат и да исфрлат остатоци, објави агенцијата Анадолу (АА).

Овој повик вклучува 782.000 возила во САД и е еден од најголемите повлекувања во историјата на таа земја.

Повлекувањето ги вклучува Фордовите модели Edge, Ranger, Fusion и Mustang, потоа Линколн MKX и MKZ, и Меркур Милан. Автомобилите беа произведени во периодот од 2010 до 2014 година.

Поради проблемите со инфлаторите на Такат воздушните преничиња, регистрирани се 23 смртни случаи ширум светот.

Такат перничињата користат хемиски амониум нитрат за да создаде експлозија за да ги надува воздушните перничиња. Ама, со текот на времето, може да се расипи заради топлината и влага и да експлодираат со премногу сила, разорувајќи го металниот канистер кој е дизајниран да ја задржи експлозијата.

Извор:www.index.ba