Основните јавни обвинителства од Гостивар и Струга координирано преземаат дејствија против осомничен кој изврши убиство во Кичево, а со уште едно лице се обиде за изврши разбојништво и силување во Струга.
Надлежен јавен обвинител од ОЈО Гостивар, како што е наведено во соопштението од ЈОРМ, донел наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен сторител на кривично дело убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.
– Осомничениот делото го извршил на 29 декември 2018 година, кога со умисла од живот го лишил оштетениот – сопственик на угостителски објект. Истовремено со донесената наредба за спроведување на истражна постапка, обвинителството предложи и определување на мерка притвор против осомничениот, ценејќи дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство. Околу 17:00 часот, осомничениот заедно со други лица бил во угостителскиот објект на сега починатиот со кој разговарал за негово работно ангажирање на друго место. Откако заминале другите гости, осомничениот без посебен повод и причина, се доближил до сега починатиот, го соборил на земја и земајќи нож од работна маса, неколкупати му задал убодни рани во пределот на градниот кош. Од сериозноста на повредите оштетениот починал на самото место. На местото на настанот извршен е увид од надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи. Издадени беа повеќе наредби за прибирање и вештачење на траги од лице место и за вршење на обдукција на починатото лице, се наведува во соопштението.
При спроведување на истражните дејствија, во координација со ОЈО Струга е утврдено дека осомничениот се гони од страна и на обвинителството од Струга за кривични дела разбојништво и силување според Кривичниот законик.
Повеќе на: fokus.mk











