На денешната седница Владата на предлог на Министерството за финансии ги усвои амандманите на ребалансот на Буџетот за 2018 година предложени на комисиската расправа во Собранието.
Осумте амандмани на седницата на Владата се прифатени како дополнување на предлогот за изменување на Буџетот на Република Македонија за 2018 година, и новиот, интегрален текст на предлогот за ребалансот на Буџетот ќе биде проследен на усвојување на пленарна седница во Собранието.
Извор:НоваТВ










