Друзите на окупираниот Голан му пркосат на Израел и организира митинг на поддршка на сириската армија

0
358
Во саботата, отворено предизвикувајќи го израелскиот режим под чија окупација живеат, Друзете, кои живеат во окупираната Голанска висоравнина, се собраа во близина на бариерата која ја раздвојува сириската и израелската армија во областа на местото Маџал Шам и изразија лојалност кон сириската влада и претседателот Башар ал Асад, на кого му ја препишуваат победата над терористите во земјата.
Насобраната маса ги носеле своите традиционални црни костуми и бели турбани,замавнувајќи со сириските знамиња и фотографиите на Асад. Друзите на митингот по пат на мегафон извикувале слогани за поддршка на владата и на претседателот, додека сириските војници, стотици метри оддалечени, преку безбедносната бариера на спротивната страна на долината викале им ја изразиле нивната поддршка.
Друзите се религиозно малцинство на Арапите кои го практикуваат исмаилитскиот огранок на исламот и имаат историски добри односи со владата во Дамаск.
Меѓутоа, некои сириски друзи паднаа под израелска окупација во агресија на Голанската висоравнина во 1967 година. Тел Авив еднострано го анектираше во 1981 година, но оваа одлука никогаш не беше признаена од страна на меѓународната заедница. Анексијата  официјално не призната ниту од страна на САД, иако ги поддржуваат сите одлуки на израелскиот режим.
Денес повеќе од 20.000 Друзи сé уште живеат на окупираната територија. Израел редовно им нуди да го прифатат нивното државјанство, но заедницата на Друза ја отфрла оваа понуда.
Повод за собирање на заедницата Друза била прославата на победата на сириската армија во војната против тероризмот.
Емил Масуд (38), кој живее во селото Масаде, изјавил дека се собрале за “да ја прослават последната фаза од војната и да ја слават конечната фаза на победата со народот на Сирија”.
druz
ФОТО: Друзи
Израел во седумгодишната војна во Сирија официјално “беше настрана и не се вклучи во конфликтот”, иако обезбеди голема логистичка и каква било друга поддршка на терористичките групи во јужна Сирија, која беше скриена од официјалната “хуманитарна акција” под името “Добар сосед” ( Good Neighbor). Во текот на оваа “хуманитарна операција”, Израел даде поддршка и медицинска грижа за ранетите терористи, а повеќегодишната кампања официјално заврши со евакуацијата на околу 800 членови на “Бели шлемови” и членови на нивните семејства од јужна Сирија во јули оваа година.
Демилитаризираната зона и областа на окупираниот Голан сега моментално е мирно, иако претходно имало залутани проектили во борбите на владините сили против терористите.
Друзите од Голанската висоравнина биле толку огорчени заради акциите на спасувањето на ранетите терористи од страна на израелската армија што во два наврата пресретнаа амбулантните возила и буквално ги линчувале терористите што војниците на израелскиот режим требало да ги пренесат во полска болница под нивна заштита.
Израелските Друзи имаат влијание врз владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, ама ниту ова не можеше да ја спречи израелската влада и армијата да им помагаат на оние кои во Сирија, во најголем дел во покраината Сувие, вршеа терористички напади врз Друзите, раздвоени со војната во 1967 година.
druzi
ФОТО: Друзи
Израелските Друзи последен пат ја посетиле Сирија во 2007 и 2010 година. Во двата случаи, израелските власти поднесоа обвиненија против пратеникот, и поранешен пратеник од Кнесет, Саид Нафу, и ги осудија на една година затвор за организирање на патувањето.
Израелските власти тврделе дека се обиделе да дејствуваат благо, а Назаретскиот суд ги поништил дозволите за 16 шеици на Друзите, кои сакале да ги посетат своите племенски собраќа во Сирија, бидејќи тоа било прогласено за “патување во непријателска држава”.
Израел тврди дека и претходно бил подготвен да го разгледа враќањето на Голан во Сирија во замена за траен мир, но владата на Нетанјаху се премисли и соопшти дека “заради иранското присуство во Сирија треба да се задржи стратешката висоравнина”.
Извор:Logicno