Борисов и Захариева ги откажаа средбите со Иванов во Софија

0
365

Средбите на претседателот Ѓорге Иванов со бугарскиот премиер Бојко Борисов и со министерката за надворешни работи Екатерина Захариева во Софија се откажани, соопшти бугарското МНР за агенцијата БГНЕС.

-Нашата позиција е принципиелна и јасна, како и на целата меѓународна заедница. Позицијата на претседателот на Република Македонија е јасна. Бугарската влада не гледа смисла да биде искористена во внатрешно политичките дебати во Скопје, изјавија од МНР за БНЕС.

– Клучно за идниот развој на нашата соседна држава е интеграцијата во ЕУ и НАТО и таа не смее да биде доведена во прашање, се вели во соопштението.

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска е во посета на Бугарија и требаше да има средби со премиерот и министерот за надворешни работи, на кои се очекуваше да биде разгледана темата за договорот за спорот за името со Грција.

Претседателот Иванов го отфрли договорот што го постигнаа  премиерите на Грција и Македонија, со кој се става крај на 27-годишниот спор меѓу Скопје и Атина и се отвора патот за европската и атлантска интеграција на Македонија, забележува бугарската агенција.

БНЕС објави и дека Захариева на 15 и 16 јуни ќе дојде во посета на Македонија.

Извор:НоваТВ