Поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ) на Македонија Сулејман Реџепи предупреди дека колеџите на Фетулахистичката терористичка организација паралелна државна структура ФЕТО/ПДЈ се радикални и изопачени.
Во интервјуто за македонскиот ТВ-канал АРТ Реџепи одговараше на прашањата во врска со агендата на земјата.
Во освртот на поврзаноста на колеџите во Македонија со ФЕТО/ПДЈ, Реџепи рече:
„Тие се изопачени. Целиот свет има можност да ја согледа радикалноста и изопаченоста на колеџите на Фетулах Ѓулен. Тие навидум се покажуваат културни, дисциплинирани и пријатни, додека во позадината работат на други работи. Затоа не ги подржуваме. Како што влегоа во земјата така нека излезат“ порача Реџепи.
Поглаварот Реџепи меѓудругото рече дека со колеџите поврзани со ФЕТО/ПДЈ постојано се доживуваат проблеми и дека постојано се мешаат во изворите на исламската заедница.
На сите оние кои што учат во овие колеџи им наметнаа фитре, зекат. Поголем дел од нашата заедница привлекоа во своите училишта. Семејствата чии деца учат таму, прават се, но никој нема право да се меша во изворите на овие извори, рече Реџепи.
Извор:ТРТ









