Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера учествувал на изборната конвенција на Словенечката демократска партија на Јанез Јанша, што се одржа во Цеље.

Мицкоски, како што соопштија од партијата, имал и обраќање во кое Јанша кој е кандидат за премиер на Словенија, го нарекол „предвесник на промените кои ќе се случат во пријателска Словенија и регионот“.

– На овие избори граѓаните ќе одлучуваат која патека да се избере. Јас сум убеден дека Словенците ќе ја изберат вистинската, патеката на стабилност и подобар живот. Посветли денови доаѓаат. Словенија ќе биде промената која Европа чека да ја види. Словенија ќе го означи почетокот на промените во регионот и поразот на владите кои не работат и не придонесуваат ништо за граѓаните, истакна Мицкоски.

На конвенцијата се обратиле и премиерот на  Унгарија, Виктор Орбан и лидерот на Европската народна партија во Европскиот Парламент, Манфред Вебер.

Лидерот на Европската народна партија во Европскиот Парламент, Манфред Вебер истакна дека му е задоволство да биде присутен во Словенија со пријателите од Европската народна партија и со пријателите од Унгарија и од Македонија.

Извор:НоваТВ

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here