Управата за верски прашања на Република Турција (Дијанет) соопшти дека предлогот на 300-те писатели и интелектуалци од Франција од Кур`анот да се исфрлат одредени ајети представува “клевета на исламот, муслиманите и самиот Кур`ан”.

Се наведува дека таквиот процес е целосно надвор од секоја памет, наука, историја, правда, правичност и човечка совест.

“Овој обид, базиран на предрасуди, нема да му служи на никој друг освен на исламофобијата, која особено во последно време ги загрозува фундаменталните права и слободи на муслиманите и затоа го осудуваме овој провокативен процес кој ќе ги повреди муслиманите и ќе го наруши светскиот мир.” Ја повикуваме светската јавноста на поголема совест ” стои во соопштението.

Нагласено е дека обидот за одстранување на кур`анските ајети од нивниот контекст, како и намерата да им се додадат погрешни толкувања кон нив, никогаш не можат да се прифатат од научни и од морални причини.

“Според верувањето на сите муслимани, Кур`анот е последната Божја објава. Во овој Господов збор до денес не е сменето ниту една буква, и така ќе остане до Судниот Ден”, стои во соопштението на Дијанет.

Се напоменува дека низ историјата во исламските општества, луѓето и заедниците, вклучувајќи ги Евреите и христијаните, живееле во мир, хармонија и благосостојба.

“Муслиманите спрема овие заедници со кои живееле на темелите на пораката на Кур`анот се однесуваа со добра волја, сочувство и правда”, се додава.

Исто така, се истакнува дека најдобри примери за соживот се центрите на исламската цивилизација, градовите како Истанбул, Ерусалим, Багдад, Каиро и Сараево.

Да потсетиме, 300 писатели и академици од Франција, вклучувајќи го и поранешниот француски претседател Никола Саркози, побараа некои ајети од Кур`анот да бидат исфрлени со тврдењето дека тие шират насилство и ксенофобија против Евреите.

Извор:РСА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here