Израелски суд изрекол деветмесечна затворска казна за офицер на израелската гранична полиција Бен Дери за убиство на невооружен и малолетен палестинец во инцидент што се случи во 2014 година, објави Агенцијата Анадолу (АА).
Весникот “Хаарец” објави дека Дери е осуден за убиството на 17-годишниот Надим Навара, кој се случи пред четири години во Рамалах, на Окупираниот Западен Брег.
Судот во Ерусалим изрекол и парична казна од 14.000 американски долари, која Дери, треба да ја плати како отштета на семејството на убиениот Палестинец.
Извор:faktor









