Шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, ги повика Русија, Иран и Турција да вложат напори за запирање на конфликтот во Сирија.

“Гледаме ескалација на воените активности, што е токму спротивното од она што тие го ветија”, изјавила Федерика Могерини.

Таа апелираше во пресрет на состанокот на меѓународните донатори во Брисел за да й помогне на оваа разурната држава.

Могерини им изјавила на новинарите дека Русија, Иран и Турција имаат “посебна одговорност” да обезбедат услови за прекин на огнот и да извршат притисок врз сирискиот претседател Башар Асад да се врати на преговарачката маса.

Околу 80 земји, организации и партнери учествуваат на донаторската конференција во Брисел, а организаторите изразија надеж дека ќе им даде поттик за запирање на мировните чекори под покровителство на ООН, собирање милијарди долари хуманитарна помош, според агенцијата АП.

Извор:cdm

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here