Абдел Фаттах ал-Сиси не му треба изборна кампања. Генералот кој стана египетски претседател преку соборување на демократски избраниот претседател Мохамед Морси,веќе обезбеди втор мандат на чело на државата.
Неговите критичари тврдат дека Ал-Сиси кон своите конкуренти е полош од неговиот претходник Хосни Мубарак пред арапската пролет и губењето на моќта во народната револуција.
Следниот понеделник, Египет, седум години по арапската пролет, ќе има “крал” каков што имаше со децении. Гласачите на претстојните избори имаат двајца кандидати Ал-Сиси и анонимен кандидат кој го поддржуваат на Ал-Сиси.
Изборната комисија тврди дека изборите ќе бидат слободни и фер. Активистите кои ја предводеа Арапската пролет порачуваат дека ова докази се само показатаел дека нивната борба била залудна.
“Овие избори немаат никаква вредност, луѓето не се заинтересирани. Тие само ќе покажат дека Сиси контролира сè”. Кога се во прашање притисоците кои сега вршат , се уште поголеми од времето на Мубарак, вели Лајла Суиф, (61), активист за човекови права, кога станува збор за притисоците што ги прави.
Во месеците во пресрет на изборите, двајца високи воени претставници ја најавија својата кандидатурата, но еден од нив, Сами Анан, за брзо беше уапсен, додека другиот, поранешниот премиер Ахмед Шафик, се откажа откако протекоа информациите за неговото апсење. На минатите избори, Сиси освои 96,91 отсто од гласовите. Од 54 милиони гласачи, 47 отсто гласаа за.









