За в среда во 13 часот пред Владата е закажан граѓански протест против судската постапка за смртта на четиригодипниот Алмир Алиу, кој пред две години беше прегазен во Куманово, а деновиве обвинетиот Бобан Илиќ беше пуштен од притвор, откако делото беше преквалификувано, од убиство во сообраќајка со смртни последици.

Повикот за протест се споделува на социјалните мрежи.

-Ве очекуваме на протест да го искажете вашиот револт кон судската мафија. Донесете со себе играчка, парче облека или што било најмило од вашето дете или внуче. Протестот ќе биде мирен затоа што ќе има многу мајки и деца, повикуваат организаторите на протестот.

Минатата недела, на рочиштето во Судот во Куманово, обвинителката направи преквалификација на делото, со што обвинетиот Бобан Илиќ наместо за убиство на Алмир, ќе одговара за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, кривично дело за кое според Кривичниот законик е предвидена максимална казна до десет години. При излегувањето од затворот, Илиќ и членовите на неговото семејство вулгарно и недолично се однесуваа кон семејството на Алмир.

Четворица обвинители од Јавното обвинителство на Република Македонија во петокот минатата недела преку соопштение се изјаснија дека во случајот познат во јавноста за малиот Алмир сметаат дека „со преквалификација на кривичното делот Убиство предвидено во член 123 ст.2 т.3 од КЗ на РМ во кривично дело од областа на сообраќајот предвидено во член 300 ст.2 во вв со член 297 ст.1 од КЗ на РМ како тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, е сторена повреда на основните начела за Законот за јавно обвинителство како што се начелото на законитост, непристрасност, објективност и заштита на слободите и правата на човекот и граѓаниниот кои воедно се и основни темелни вредности н Уставот на РМ“.

Јавниот обвинител на Република Македонија Љубомир Јовески смета дека јавното обраќање на четворицата обвинителит во врска со алучајот со малиот Алмир е „непрофесионално и дека со тоа се повредува функцијата јавен обвинител и тешко е прекршен Етичкиот кодекс на јавните обвинители во Република Македонија“.

-Нивната постапка ја доведува под сериозно сомневање независноста, непристрасноста, лојалноста и достоинството на јавниот обвинител, бидејќи нивниот настап е предизвикан од други цели кои не се поврзани со извршување на јавнообвинителската функција, се вели во писмената изјава на Јовески објавена на веб страницата на ЈОРМ, во која тој ја осудува постапката на обвинителите.

Ова ќе биде трет граѓански протест. првите два се одржаа пред Јавното обвинителство.

Извор:НоваТВ

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here