Еколошката забрана на возила на дизел погон легална е во германските градови, пресуди денес германскиот највисок суд, отварајќи простор за далекусежни последици во германската автомобилска индустрија.
Пресудата исто така би можела да има и широки консеквенци за чист воздух и останатите градови да воведат ограничивања на користење на дизел горивото. Тоа ќе има последици и за големата германска автомобилска индустрија, која воглавном се потпира на возилата со дизел погон.
Дизел горивото стана контроверзно уште од неговото воведување, кога производителот на возилата на Фолксваген, а потоа и други компании, веднаш по неа започнаа со местење на резултатите од тестовите кои би прикажале помала емисија на штетни гасови кои ги испуштаат дизелашите.
“Од денес, направивме можна забрана за дизел возила”, изјавил Јирген Реш, раководител на еколошката група на Deutsche Umwelthilfe (DUH) која исто така била меѓу поднесителите на жалбите.
Иако Сојузниот управен суд ги одобрил принципите на забраната за дизелот, тој порачал за два германски градови да ги разгледаат нивните правила за чист воздух како би обезбедиле добивање на пресудата. Штутгарт бил предупреден да обезбеди дека секоја забрана не го погаѓа изземањето на поновите возила од неа. На дизелдорф му било порачано да осигура дека забраната за дизел возилата е единственото ефикасно решение.
Штутгарт планира да наметне забрана не пред 1 септември и да дозволи исклучоци на бројни возила, вклучувајќи ги и оние што ги користат дилерите.
Судот, сепак, не бара градови кои ги спроведуваат забраните да ги обештетат возачите кои одеднаш мораат да ги држат своите возила надвор од границите на градот.
-Се очекуваат одредени губитоци – изјавил претседавачот судија Андреас Корбмахер.
Тој, исто така, побарал од германските градови да работат на заедничка примена на забраната применат и спроведување на другите показатели за почист воздух како би го избегнале “мозаикот” на правила што ќе ги отежнат германските возачи и компаниите да ги користат возилата во повеќе градови.
Денешната пресуда е заснована на претходни пресуди на окружните судови дека градовите имаат потреба од поголем авторитет за да обезбедат чист воздух и дека забраната за возилото е најдобриот начин за нивно спроведување. Овие пресуди беа поништени од страна на судовите на сојузните држави, кои утврдиле дека обидот да се забрани дизел не може да се направи без донесување на нов федерален закон.
Загадувањето на воздухот е растечки проблем во германските градови, додека фокусот е на емисиите на азотни оксиди (NOx), предизвикувајќи многу здравствени проблеми кои го загрозуваат дишењето и протокот на крв.
Европската унија, исто така, врши притисок врз Германија да го расчисти воздухот. Во процесот пред Европскиот суд на правдата, на Германија, исто така, им се заканува кривична санкција ако не делува доволно брзо за да го исчисти воздухот, објави ДПА.
Извор:(Vijesti / ФЕНА)










