После демонстрациите од страна на своите воздухопловните сили и против авионската одбрана во вистинските воени услови на сириските боишта, кои со голема внимателност ги следат и потенцијалните армии од целиот свет, а особено арапските и другите исламски земји, Русија таму продолжува да го интензивира извозот на демонстрираното оружје, првенствено се мисли на модерните авиони кои се покажа како многу ефикасни во тамошните сложени климатски услови. Некои од нив за прв пат ги почувствувале вистинските воени услови. Пред се станува збор за еден од најсовремените повеќенаменски ловци (Су-35).
Руските медиуми вчера објавија информација дека тамошната државна компанија за извоз на оружје “Рособоронекспорт” потпишала договор со Министерството за одбрана на Индонезија за продажба и испорака на 11-тина уреди “Су-35”, како што потврдија и индонезиските воени извори.
Претставникот на МО Индонезија, во коментар на порталот SINDOnews, исто така, го потврди потпишувањето на договорот.
Поптишувањето на договорот било потврдено од друг индонезиски портал, Jane’s.
Потсетуваме: индонезискиот министер за одбрана Ријамизад Руакуду во септември 2015 година изјави дека е заинтересиран за купување на руски воени авиони.
Со овој чин Индонезија стана втор увозник на современиот руски авионСу-35, веднаш по Кина.
Индонезија е најголемата исламска земја во светот со околу 240 милиони жители и четврта по големина земја со најголема популација во светот.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=hA9PzwxMxB0[/embedyt]
Извор:Geopolitika









