(Видео) ОПАСНОСТ ВО ЦЕНТАРОТ НА СТРУГА: Мало девојче удрено од струја од новогодишна декорација

by Administrator

Дел од новогодишните украси низ ценатарот на Струга претставуваат опасност за граѓаните кои се дојдени да уживаат во новогодишното украсување или новогодишната забава.

Како што пренесуваат граѓаните, но и дел од локалните медиуми, една од металните конструкции која ја означува Новата 2024 година има струја, на која се повредило мало девојче.

– Декорираната #2024 метална конструкција за малку ќе беше фатално за мало девојче од Струга. Таа била удрена од струјата додека се сликала со родителите. Металната конструкција има струја и не е безбедна за граѓаните. Има и видео што го потврдува истото. Полицијата и ЕВН биле на терен и констатирале дека има струја! – се наведува во објава на Фејсбук.

 

Дополнително за опасноста од осветлувањето поставено во овој наш туристички бисер, пишува и „Voxstruga.mk“, а нивната објава е надополнета и со видео од конструкцијата до која граѓаните допираат мерач за струја.

– Според таткото на девојчето, ударот можел да биде фатален. Случајот е пријавен и во полиција.

Полицијата заедно со екипи на ЕВН излегоа на терен и докажаа дека во металната конструкција има електрична струја што ги загрозува животите на граѓаните.

Настанот се случил синоќа околу 22:30 часот – пишува „Voxstruga.mk“.

Еве го видеото како потврда дека има струја во металната конструкција.

 

You may also like