0
(Дубаи – Портал) – Телата на двајцата турски државјани, кои ги загубија своите животи во бомбашките напади во Шри Ланка, денес се донесени во Турција, соопшти еден дипломатски извор.
Телата на инженерите Серхан Селчук Наричи и Јигит Али Чавуш се вратени во нивните родни места – Истанбул и Адијаман – за извршување џеназе, изјави дипломатот, кој побара да не биде именуван поради ограничување на зборувањето со медиумите.
На Велигден во неделата, најмалку 320 лица загинаа, а 500 други беа повредени кога вкупно осум експлозии беа насочени на осум различни локации во и надвор од Коломбо, главниот град на Шри Ланка.
Mahir Demişoski
