Пукано врз хеликоптерот на претседателот на Колумбија, нема повредени

by Administrator

Хеликоптерот со кој се превезувал колумбискиот претседател Иван Дуке бил погоден од куршуми при напад извршен вчера.

A helicopter carrying Colombian President Duke was hit by bullets FARC  News: – Next Calbiz

Нападот се случил додека тој се превезувал над регионот Кататумбо кон градот Кукута, административен центар на колумбиската провинција Норте де Сантандер.

They attack with bullets the helicopter of Iván Duque, president of  Colombia - Zyri

„Она што се гледа е дека беше напад по кој на претседателскиот хеликоптер може да се видат дупки од куршуми, нагласи Дуке во видеообраќање.

Во хеликоптерот биле и министерот за одрбана Диего Молано, министерот за внатрешни работи Даниел Паласиос и гувернерот Силвано Серано.

Портпарол на Кабинетот на Дуке изјави дека нема повредени во инцидентот. Регионот Кататумбо е познат по одгледувањет кока. Таму дејствуваат и бунтовниците од Армијата за национално ослободување кои го отфрлаат мировниот договор од 2016 година како и криминални групи поврзани со шверц на дрога.


„Sloboden pecat“

You may also like