Политичка криза во Австрија: Канцеларот Шаленберг најави оставка, Курц се повлекува од политиката

by Administrator

Австрискиот канцелар Александар Шаленберг најави оставка по само два месеца од преземање на функцијата, но порача дека ќе остане на позицијата додека неговата партија не се договори за нов лидер по заминувањето на Себастијан Курц. 

Само неколку часа претходно, претходникот на Шаленберг и лидер на Народната партија, Себастијан Курц изјави дека ја напушта политиката и официјално ќе се повлече од функцијата претседател на партијата во петок. Информацијата за повлекување на поранешниот канцелар од политиката е потврдена и од партиски кругови, а на местото на лидер на ОВП треба да дојде министерот за внатрешни работи, Карл Нехамер.

Курц донесе ваква одлука, откако против него беше отворена истрага поради корупција и злоупотреба на службената положба, поради што поднесе оставка од функцијата австриски канцелар. До неодамна се шпекулираше дека Курц би можел да се врати во самиот врв на политиката по завршување на истрагата против него. 


„Noval“ Tv

You may also like