Поддршка и осуди после настаните во Венецуела

by Administrator

Венецуелскиот лидер на опозицијата, Хуан Гуаидо, во вторникот го објави “почетокот на крајот на узурпацијата” во обраќање пред јавноста каде покрај него стоеле луѓе во воени униформи во главниот град Каракас. Гуаидо рекол дека штотуку се сретнал со главните единици на венецуелските вооружени сили, кои ќе ја започнат последната фаза од операцијата Слобода.

АП објави дека армијата исто така го ослободила и Леополд Лопез, опозициониот политичар кој бил во притвор.

“Ова е момент за сите венецуелци, оние во униформи и оние кои не ги носат. Секој треба да излезе мирно на улиците”, истакнал Лопез.

Американскиот сенатор Марко Рубио на Твитер ги повика луѓето од Венецуела да изџлезат на улица и да го кренат гласот.

“Ова е моментот кога венецуелските војници ќе ја исполнат уставната заложба и одбраната на легитимниот технички претседател Хуан Гуидо во неговите напори за враќање на демократијата. Можете да ја напишете историјата во наредните часови и денови”, напишал Рубио, велејќи дека сега е моментот да излезат на улиците, и дека можеби нема да има нова можност.

Исто така се огласил и претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани.

“Денес е историски ден за враќање на демократијата и слободата на Венецуела, која секогаш беше поддржана од Европскиот парламент. Ослободувањето на Леополд Лопез од страна на војниците кои го почитуваат уставот е одлична вест”, истакнал Тајани.

“Народе на Венецуела, важно е да излеземе заедно, да ги поддржиме нашите демократски сили и да ја вратиме нашата слобода”, напишал Гуаидо на Твитер.

Лидерот на социјалистите, Диосдадо Кабело, ги повика сите што ја поддржуваат владата да се соберат околу претседателската палата и да го одбранат претседателот Никола Мадуро од, како што вели, мало востание на војниците зад кои стои САД.

Боливискиот претседател Ево Моралес ги осуди денешните настани во Венецуела.

“Го осудуваме обидот за државен удар во Венецуела, кој сака да го спроведе десницата, со поддршка на странски интереси, но ние сме сигурни дека храбрата боливарска револуција на нашиот брат Николас Мадура ќе биде потврдена и по овој империјалистички напад”, изјавил Моралес.

Извор:(Vijesti / N1)

You may also like