Македонските граѓани кои ќе патуваат во Швајцарија, ќе мора да поминат 10 дена во самоизолација

by Administrator

Швајцарската Влада објави список со 29 земји чии граѓани ќе треба да се регистрираат кај надлежните органи на таа држава по пристигнувањето и да одат во самоизолација со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

На списокот се наоѓаат САД (USA), Шведска (Sweden), Бразил (Brasil), Русија (Russia), Белорусија (Belarus), Македонија (Macedonia) и други, што се оценети како земји со висок ризик на зараза.

Патниците кои биле во тие земји во претходните 14 дена, мораат да ги известат швајцарските власти при пристигнувањето и да одат во карантин во рок од 10 дена, соопшти швајцарската Влада.

Списокот на држави, како што се наведува, постојано ќе се ревидира со оглед на развојот на ситуацијата


„NovaTV“

You may also like