Постапките на западните земји против основачот на „Викиликс“ („Wikileaks“), Џулијан Асанж (Julian Assange), се насочени кон „истребување“ на тој човек, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова (Maria Zaharova), пренесува Tass
„Третманот кон него во последните години е еден вид канибализам што го манифестираат нашите западни партнери. Веќе не станува збор за двојни стандарди, па дури ни за газење на високи принципи и идеали. Станува збор за истребување на човек, одмазда за неговата положба, неговата храброст и бидејќи сметал дека е потребно, очигледно разбирајќи ги можните ризици, да ги сподели со светот најважните информации кои фрлаат светлина врз лагите и измамите на многу земји“, рече Захарова.
Таа се запраша зошто меѓународната заедница е рамнодушна кон нехуманиот третман на Асанж (Assange). „Сите гледаат дека го уништуваат. Тоа се два различни луѓе, погледнете до што го доведоа“, изјави таа.
Да потсетиме, Високиот суд на Велика Британија во петокот пресуди дека Асанж може да биде екстрадиран во Америка, врз основа на жалбата на американската влада основачот на „Викиликс“ („Wikileaks“), да биде екстрадиран во таа земја.
Два дена подоцна, неговата свршеница, Стела Морис (Stella Morris), рече дека Асанж (Assange) доживеал поблаг мозочен удар во затворот, како резултат на екстремен стрес поради борбата против екстрадицијата во САД (USA).
„Dubai-Portal“
