Министерот Бектеши уверува дека струјата ќе поскапи најмногу до 10%

by Administrator

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска на прес конференција изјави дека електричната енергија нема да поскапи повеќе од 10%.

„За првите шест месеци од 2022  година веќе сум дал изјава и стојам целосно зад тоа што сум го кажал. И очекувам да видам каква ќе биде одлуката на РКЕ. Уште еднаш ќе повторам – нема да има зголемување на струјата повеќе од 10% “, порача Бектеши.

Тој вели дека право на компаниите е да бараат, не само 100%, туку и 2000% зголемување, но одлуката ја носи Регулаторната комисија за енергетика.

ЕВН – Електродистрибуција веќе доставила барање за 100 отсто зголемување поради големите загуби во мрежата и високите берзански цени на струјата, што би значело 34 отсто зголемување на крајната сметка за струја. Се очекува да пристигне и барањето од МЕПСО, кои веќе најавија дека нивните пресметки покажуваат 60 отсто поголеми трошоци, што би значело дополнителни зголемување од 4 отсто на крајната сметка. Освен МЕПСО, се очкеува и барањето на ЕВН Хоум.

Nova Tv

You may also like